СПОРТ
Hајстарото Мастерс полуфинале во историјата!

Новак Ѓоковиќ дојде на два чекори до својот стоти АТП трофеј, откако обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мајами со победата од 6-3, 7-6/4 над Себастијан Корда. Српскиот тенисер во битката за финале ќе се судри со неговиот добар пријател Григор Димитров.
Овој меч интересно и официјално ќе го собори рекордот како најстаро Мастерс полуфинале во историјата, бидејќи Димитров и Ѓоковиќ заедно имаат 71 година.
Иако се добри пријатели, најтрофејниот тенисер на сите времиња истакна дека на теренот приказната ќе биде поинаква и дека посакува нова победа за пласман во финалето. Димитров имаше тежок меч во четвртфиналето и по голема борба го совлада Франциско Серундоло. Во второто полуфинале во Мајами се среќаваат Фриц и Меншик.