МАКЕДОНИЈА
За Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

ЈСП информира дека за време на трите дена од продолжениот викенд (29.03.2025 година – 31.03.2025 година) , поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Жичницата на 29.03.2025 год. (сабота) и 30.03.2025 год. (недела) ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 31.03.2025 год. (понеделник) Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.