Нехумани услови во училиштето во с. Клуковец, велешко

Во дворот на основното училиште „Лирија“ во Клуковец, Велес, времето речиси застанало. Под покривот кој само што не се срушил врз учениците, гавраните изградиле гнезда.
За некои деца кои ги сретнавме таму, градењето на спортска сала во училишниот двор или уредување на дворот би било остварување на сон кој никогаш не станал реалност, каде би можеле безгрижно да играат.
Дали сакаш подобро училиште? Да. Што ви фали тука, немате добри услови? Нема стадион, училиштето не е средено. „Кое одделение си? Јас сум 5-то одделение. Кој ти е наставник? Суумије Тахири. Колку ученици сте сите ? Ние сме 7 во петто одделение, а сите сме 32 ученици“, вели еден ученик.
„Ова училиште е изградено пред многу години од страна на жителите на селото Клуковец од општина Велес и оттогаш не е ставен клинец од страна на институциите во однос на подобрување на условите на ова училиште. Иако многу пати жителите на ова село побарале изградба на ново училиште, нивното барање не наишло на одговор. Повеќе од 30 ученици албанци учат во ова училиште“, пренесува репортерот на Алсат.
Жителите на селото Клуковец велат дека се подготвени повторно да го изградат училиштето доколку институциите не дадат пари.
“Од 1973 година до денес, ако некој каже дека државата дала нешто во училиштето во ова село, тоа не е точно. Државата не изградила училиште тука. Училиштето го направиле самите жители кога имало само три куќи. (3:42 – 4:02)Ги замолуваме да дојдат и да работат, а не само да не фотографираат. Ние и самите ќе го направиме, направено е кога имало 3 куќи, а не сега 60 куќи. Ако не го направат тие, ќе го направиме ние“, рече Сабедин Тахири – жител на с. Клуковец.
Во однос на прашањето што ќе се преземе за подобрување на условите за над 30 ученици од основното училиште „Лирија“ од Клуковец, од општина Велес, велат дека се во комуникација со жителите кои со нивни пари имаат изготвено проект за изградба на новата училишна зграда, но поради извесни технички недоследности, проектот е вратен за финализација и потоа ќе се продолжи со административни процедури за изградба на ново училиште. Основното училиште на селото Клуковец е приградско и по завршувањето на петтото одделение, учениците патуваат над седум километри за да посетуваат настава од шесто до деветто одделение.
Авни Тахири