Неопходна психолошка помош за семејствата на жртвите и на повредените во Кочани

Покрај медицинскиот третман, преживеаните од трагедијата во Кочани треба паралелно да добијат и психолошки третман, бидејќи шансите да бидат погодени од анксиозност и депресија се многу големи. Психолозите велат дека психолошката поддршка за погодените од трагедијата треба да биде задолжителна. Фатиме Зибери вели дека секоја мала врева, повишување на гласот, трескање на вратите, па дури и гласна музика, ќе ги потсети на трагичниот настан.
„Тие се во состојба на шок и потребно е долго време за да се опорават и да станат свесни, бидејќи кога сте во состојба на шок лицето нема поим што се случило и што видело. Постојат некои случаи кога луѓето сакаат да ја заборават оваа болка, да се присилат и да создадат селективен заборав. Очекуваме случаи од секаков вид, но она што е неспорно е анксиозноста, бидејќи тие имаат само јасен извор на страв,а сега тоа ќе биде и патолошки извор, така што тие секогаш ќе се чувствуваат загрозени, нормално и доза на депресија, но се плашам дека ќе има нешто повеќе да се каже за различни неврози кои ќе излезат на површина подоцна“, вели Зибери.
Министерот за здравство Арбен Таравари, рече дека по трагедијата побарувачката за психолошка поддршка е голема и кај повредените и кај семејствата на жртвите.
„Повеќето пациенти, не велам дека на сите им е потребна психолошка поддршка. Се обидуваме да им кажеме дека е добро да се лекуваат или да имаат психолошки и психијатриски сесии. Дел од пациентите прифаќаат и одат на сесиите, дел од пациентите ги одбиваат, особено вчера имавме пациент кој се врати од лекување во странство, видовме дека тоа е невозможно, но повторно психолозите ќе зборуваат со него“, рече Таравари.
Психолошката поддршка е важна и за семејствата на жртвите. Според психолозите, најмногу страдаат родителите.
Линда Ебиби