ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Илјадници муслимани на денот на молитвата изразија солидарност со семејствата на жртвите во Кочани

Илјадници муслимани на денот на молитвата изразија солидарност со семејствата на жртвите во Кочани

Во петокот, денот на молитвата, неколку дена пред големиот празник Рамазан Бајрам, илјадници муслимански верници во Македонија му се придружија на поглаварот на ИВЗ во изразувањето сочувство за жртвите на трагедијата во Кочани. Над 1.400 вработени во ИВЗ во над 700 џамии и илјадници верници изразија солидарност со семејствата на жртвите. Шаќир Фетаи, првиот човек на ИВЗ, во интервју за емијата „Програмата 200“ ( која се емитувана денеска, 30.03.2025 во 21:40 часот) вели дека заедно со поглаварот на православната црква учествувал и во погребот на жртвите од трагедијата, бидејќи како што рече „битно е да се покаже дека сите сме заедно“ и во тешки денови. Првиот човек на ИВЗ во интервјуто зборува и за важноста на празникот Рамазан Бајрам, кој според него е празник не само за муслиманските верници туку и за сите останати, бидејќи во суштината на овој ден е да ги зближува луѓето.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button