ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зошто Владата ги крие релациите со агенцијата што го обезбедувала т.н. кабаре во Кочани, прашуваат од ДУИ

Зошто Владата ги крие релациите со агенцијата „Рубикон“, која го обезбедувала т.н. кабаре во Кочани вечерта кога се случи трагедијата, прашуваат денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Advertisements

Оттаму бараат целосна транспарентност за активностите на оваа агенција, која како што велат, била одговорна за безбедноста на т.н. кабаре во трагичната ноќ во Кочани.

Оваа агенција, блиска до владејачката партија, била одговорна за безбедноста на кабарето во Кочани во ноќта кога се случи трагедијата што одзеде 59 невини животи.

„Затоа, владата има обврска да му даде на јавноста јасни одговори:
• Кои се другите клиенти на „Рубикон“?
• Дали имале регуларни безбедносни договори и лиценцирани обезбедувачи?
• Дали МВР некогаш извршило инспекција или контрола врз оваа агенција?
• Дали оваа компанија се штити поради нејзините врски со власта?
• Дали е вистина дека агенцијата уценува компании да ја ангажираат, повикувајќи се на нејзината блиска поврзаност со високи партиски авторитети?

Наместо да ја користи правдата за да ги напаѓа политичките противници, владата треба да преземе одговорност за своите неуспеси и за оние кои навистина се одговорни за оваа трагедија.

ДУИ бара целосна, непристрасна и праведна истрага за овој случај, како и одговорност од сите кои дозволиле да се случи ваква ситуација.

Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не политички игри и прикривање на скандали“, велат од ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button