СДСМ: Андоновски да каже дали тендерот тежок 600 000 денари завршил кај родителите на вработен во Министерството

До Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал, рече денеска Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје.
Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство.
Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно?
Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството? Индикативен е називот на меилот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи [email protected]
СДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сеуште тој документ е во изработка.
Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски“, прашуваат од СДСМ.