ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Плата до 5-тти, породилно до 18 месеци, Собранието утре треба да расправа по предлозите на Левица

Плата најдоцна до 5 наместо до 15, и породилно 18 месеци наместо 9 месеци, се предлог-измените на законот за работни односи што Левица ги достави до Собранието, а кои се поставени како први точки на 42-та седница за утре.

Advertisements

Исплатата на платите до 15-ти не е во согласност со реалните економски околности во кои се наоѓаат работниците, а влијае и на економската стабилност на државата. Исто така, работникот не смее да биде принуден да зема брзи кредити, и да се задолжува со високи камати додека чека половина месец да си ја земе платата, велат од Левица.

Всушност, тоа се случува со добар дел од работниците и во приватниот и во јавниот сектор. Овие рокови често се пречекоруваат, со што платите се одложуваат со денови, па дури и месеци. Доцнење на платите најчесто се случува во јавните претпријатија, без разлика дали се управувани од Владата или локалната самоуправа. Покрај доцнењето на платите, бројни злоупотреби се случуваат и при исплатата на здравственото осигурување и пензиите. Конкретно во приватниот сектор се случува работниците да немаат платено здравствено осигурување со месеци, што го оневозможува бесплатното лекување.

Другата предложена измена се однесува на членот 165 од Законот за работни односи кој се однесува на трудниците и породилниот период. Левица предлага породилното отсуство да се продолжи од 9 на 18 месеци, а тоа да важи и за жените кои посвоиле деца.

„(1) Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од 18 месеци непрекинато, без разлика дали родила едно или повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе).“

Ставот (6) се менува и гласи:

„(6) Работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на 18 месеци возраст на детето, без разлика дали посвоила едно или повеќе деца (две или повеќе).“”

Истражувањата велат дека градењето здрава врска помеѓу родителот и новороденчето во раниот постпартален период е важно поради неговото долгорочно влијание врз односите родител-дете. Врската помеѓу мајката и бебето е од особено значење за здравјето и психолошкиот развој на детето. Од друга страна, периодот на бременост, но и првата година по раѓањето, претставува период на влошување на менталното здравје поради внатрешни физиолошки, психолошки и социолошки фактори.

Повеќето жени всушност сметаат дека девет месеци отсуство се прекратки, додека често се случува работниците без налог за работа, односно со договори, да се вратат на работа само две недели по породувањето, поради страв да не ја загубат работата што ја имаат без решение. Според законот, отсуството му припаѓа и на таткото, но ако таткото земе отсуство, тие денови на отсуство се намалуваат за мајката.

По скратена постапка до Собранието се доставени две предлог-измени на законот. Досега сите предложени измени на законите поднесени од „Левица“ се одбиени од парламентарното мнозинство.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button