ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања кон ССМ

Власта денеска повторно излезе со обвинувања кон раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија,овој пат за платите на претседателите на дел од секторите во ССМ.  Пратеникот на Вмро Дпмне Бране Петрушевски го обвини Стојанче Кашиковски од ССМ дека земал плата од над 50 илјади денари и како што вели синдикалците Трендафилов и ССМ, не знаат кој од кој има поголеми примања.

Advertisements

„Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбеното стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2003 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари. Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма“, рече Петрушевски.

Од ССМ им возвратија. Велат во Македонија и ненормалното испаѓа нормално  по логиката на владејачката партија и ако ги соберат сите плати во Сојузот на синдикатите на Македонија можеби ќе испадне и 30 илјади евра месечната плата.

„Така да мислам овие напади каде што се од овие да кажам изолирани поедницни што излегуваат на партиски говорници се носновани, доколку  имаме предвид во минатото кога истите тие беа опозиција доаѓаа на нашите протести, штрајкови и со сето мое легитимно право можам да кажам дека даваа подршка од позиција на позиција, а сега кога се сменија работите гледаме дека не се работите така како што кажувале во минатот, а ние како ССМстално ќе бидеме на браникот на работникот“, изјави Игор Ѓерасов, претседател на гранков синдикат.

Инаку од ССМ на втори април излегуваат на протести, со цел да укажат на владата дека не може да се одлучува едострано кога станува збор за платите на работниците.

Тие ќе одржат јавна седница пред Собранието, Стопанска комора и Владата со почеток во 12 часот и пет минути имајќи во предвид како што велат 5 до 12 одамна поминало, а 12 часот поминал тогаш кога владата одлучила еднострано да ја зголеми минималната плата.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button