
Кошаркарот на Хјустон, Џејлен Грин, е прогласен за играч на неделата во Западната конференција во НБА, објави официјалната веб-страница на натпреварувањето.
Кошаркарите на Хјустон минатата недела во НБА лигата остварија три победи на три натпревари. Грин имаше просек од 28,7 поени, седум скока и четири асистенции по натпревар.
Кошаркарот на Орландо, Паоло Банкеро е прогласен за најдобар играч на Источната конференција на НБА лигата. Тој имаше просек од 30,3 поени, 7,5 скока и 4,3 асистенции по натпревар.