ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кузеска: ЈО да отвори истрага за сите тендери во Министерството за дигитална трансформација и ДКСК да го прошири предметот

СДСМ го повикува Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за сите тендери во Министерството за дигитална трансформација и бара ДКСК да го прошири предметот, кој рече дека е отворен за Андоновски, и да ја информира јавноста за резултатите од постапката што веќе ја води, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Advertisements

Според Кузеска, скандалите во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски не престануваат, и посочи дека по тендерот добиен од сопругот на државната секретарка Клинчарова, сега јавноста дозна за нов тендер вреден 600.000 денари, кои по информации од свиркачи се сомневаме дека бил доделен на фирма поврзана со родителите на вработен во ИТ-секторот.

– Министерот Андоновски мора да понесе одговорност, а институциите мора да покажат дека функционираат и кога се во прашање функционери од ВМРО-ДПМНЕ, порача Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ, не го негираше тендерот, туку, како што рече Кузеска, го потврди, а Андоновски досега молчи.

– Замислете во потврдата на ДПМНЕ нема барање за одговорност, туку дрско прашуваат да сме кажеле дали вработениот е некој функционер или член на Комисија која одлучува во однос на набавките. ДПМНЕ не може ниту да го пере, ниту да го реалтивизра овој скандал. Прво, постои основано сомнение за конфликт на интерес во конкретниот случај, но и во претходно објавениот скандал со тендерот, кој го доби сопругот на државната секретарка Клинчарова, порача Кузеска.

Кузеска потсети дека на крај на секоја постапка за јавни набавки се потпишува лична изјава за непостоење на судир на интереси, а во двата скандали постои токму тоа.

– Во двата одвоено случаи, токму најтесните семејни кругови на вработените во министерството на Андоновски се токму они кои ги добиваат тендерите во институциите. Оттука, основани се сомнежите за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на јавните пари, изјави Кузеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button