ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три лица се уапсени под сомнение дека убиле 84-годишен жител на кривипаланечкото село Луке

Тројца жители на кривопаланечкото село Луке вчера доцна попладне биле уапсени под сомнение дека убиле 84-годишен соселанец, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат“, се вели во соопштението.

Advertisements

Телото на Љ.С., како што информираат од МВР, било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во селото.

Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово, а по насока на јавен обвинител, телото на Љ.С. е предадено за обдукција.

Од МВР додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button