ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ: Парламентарната група наскоро со план

Парламентарната група на ВРЕДИ смета дека за кратко време ќе излезе со предлог-методологија за нивните лидери, за начинот за евентуална соработка на локалните избори. Планот кој треба да го добијат лидерите ќе биде методологијата за поделба на позициите на листите на општински советници во проценти, плус за позиции на носители на листи и кандидати за градоначалници. Според пратеникот Ријад Шаќири, атмосферата во пратеничката група е добра и тие функционираат како семејство.

Advertisements

„Што се однесува до соработката во рамките на парламентарната група, можам да кажам со најголема одговорност во рамките на коалицијата дека функционираме како семејство, комуницираме како семејство, исклучително сме координирани. Кохезијата во парламентарната група е извонредна. Всушност, имавме средба на која разговаравме со колегите пратеници за настапот на локалните избори. Работиме во таа насока, ја усогласуваме рамката и верувам дека за кратко време ќе имаме некоја верзија која ќе биде позната и на јавноста и на лидерите“, рече Шаќири.

Претставникот на „Самоопределување“, Беким Ќоку, во интервју за Алсат, рече дека парламентарната група работи само на идејата за заеднички листи.

„Значи, оваа разлика што почна, бидејќи дилемата беше да се оди со заеднички или одделни листи на изборите, а со заеднички кандидати, со новиот предлог што ни дојде од пратениците на Алијансата за Албанците, оваа дилема е суспендирана. Сега да почекаме кој кандидат ќе биде номиниран во која општина. Значи, едноставно, ја надминавме дилемата за посебни или заеднички листи, сега ќе одиме во нова фаза во која се дискутира за потенцијалните кандидати, од која партија, во која општина“, рече Ќоку.

Премиерот Мицкоски не ги почуствувал несогласувањата во ВРЕДИ, и не верува дека можат да влијаат врз коалициската влада.

Несогласувањата во ВРЕДИ излегоа на површина кога сите лидери на коалицијата јавно признаа дека се подготвени за коалициски натпревар на сите нивоа во трката за локалните избори, освен  Таравари, кој инсистираше на одвојување на листите на кандидати за советници. Тој дури и ја критикуваше ефикасноста на коалицијата, велејќи дека 70 отсто од Албанците сметаат дека ВРЕДИ не функционира добро и нема задоволителна застапеност во владата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button