Земјоделците од Тетово, се уште чекаат обешететување за 2023

Повеќе од 500 земјоделци од регионот на Тетово не успеваат да го добијат обештетувањето за 2023 година затоа што владината комисија, која е последна инстанца, ги врати документите доставени од општина Тетово како некомплетни. Исти проблеми има и во други општини.
„Освен што не е утврдена вкупната вредност на штетата, исто така, предметот не е комплетиран според методологијата и табелите кои се дел од методологијата, не се пополнети согласно она што бара Законот. Има и други општини кои имаат ист проблем со комплетирањето на предметот согласно методологијата, како што се Велес, Долнени, Гевгелија и други“, рече Фатмир Сабриу, Владина комисија за обештетување на штети во земјоделството.
Земјоделците се жалат дека на прагот на сезоната на засадување не успеваат да купат потребен материјал.
„Од таа штета што ја имавме, сега сме во губиток, бидејќи ни половина не ќе успееме да садиме, затоа што немаме буџет. Во земјоделските аптеки земаме на заем, сега не можеме да им ги вратиме парите и не ни даваат повеќе…“
„Немаме пари да започнеме со засадување. Земавме заем во аптеки, но не ни даваат повеќе затоа што минатата година целосно ги изгубивме. Општината вели дека проблемот е во Скопје, тие велат во општина Тетово, заменик министерот вели дека ќе испратат документи во Владата за оштетата. Не лажеа, ни рекоа дека ќе бидат пуштени за новата година, ама кој знае која нова година“, реагираат земјоделците.
Контактиравме со општина Тетово, од каде што ни рекоа дека документацијата веќе е комплетирана и во текот на неделата ќе биде завршено досието и испратено во Владата.
Башким Сулејмани