МАКЕДОНИЈА

Десетици куќи поплавени во Батинци и Љубош

Голема материјална штета по течението на Маркова река во општина Студеничане.

Advertisements

Поради синоќешните обилни врнежи, реката се излеа од коритото, поплавувајќи десетици куќи во Батинце и Љубош. Поради големото количество вода, на места има одрони, уништени се оранжерии и земјоделски површини, додека на влезот на селото Љубош има и откорнати дрвја.

Денеска состојбата изгледа стабилна, нивото на водата е намалено, реката се повлекува, додека голем број жители ги расчистуват  поплавените подрачја.

Поради ситуацијата со поплави, во овој регион имаше посебен сообраќаен режим. Влезот во селото Батинце беше затворен неколку часа. Од Центарот за управување со кризи велат дека водостојот на сите реки е исклучително висок и се очекува овој тренд да продолжи.

ЦУК:
„Водостојот на Вардар е значително висок во текот на целото нејзино течение. Во текот на денот се очекува  нивото да остане високо, особено во средните и долните делови на сливот, каде може да се помести водениот бран. Високо е и нивото на водата на Треска и кај селото Пласница можно е реката да се излее од коритото поплавувајќи ги околните ливади. Исто така, реката Струмица има висок водостој во текот на целиот тек. Поради врнежите во Косово, пораст на водостојот има и на Лепенец.

Центарот за управување со кризи ги предупредува граѓаните денеска да внимаваат кога се движат покрај реки и потоци.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button