МАКЕДОНИЈА

Државната матура ќе се одржи во училиштата, ако нема место ќе се одржи на факултет

Државните матурски испити ќе се спроведуваат во рамките на училишните простории доколку училиштата имаат доволно простор, во спротивно испитите ќе се спроведуваат во просториите на одредени факултети. Од Државниот испитен центар соопштија дека веќе го прифатиле барањето на Унијата на средношколци државната матура да не се одвива во амфитеатрите на факултетите освен за оние училишта кои не ги исполнуваат условите.

Advertisements

Од Унијата велат дека матурантите веќе ги започнале подготовките за овие испити, потсетувајќи дека наставниот материјал или тестовите од изминатите години заедно со одговорите се објавени од страна на Испитниот центар.

„Сега почнуваат проектните теми, презентацијата и одбраната на проектните теми од страна на учениците, и поголемиот дел од професорите веќе започнале со подготовка на учениците за државната матура. Тој процес, верувам, започна доста добро бидејќи Државниот испитен центар ги достави тестовите од минатите години, плус точните одговори за да имаат учениците простор да се подготват во однос на тестот и нормално вежбите и подготовките што ги добиваат од професорите“, рече Берин Мухамед, претседател на Унијата на средноошколци.

Двата екстерни државни матурски испити за 2024/2025 година ќе се  одржат на 31 мај и 11 јуни. За полагање на испитот се запишани околу 15.000 ученици.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button