МАКЕДОНИЈА

Судир меѓу Милошоски и Филков на јавна сцена

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски не е задоволен од работата на министерот за правда Игор Филков, кој доаѓа од редовите на коалициониот партнер ЗНАМ. Според него, многу реформски закони во правосудниот сектор се заглавени и не доставени во собраниска процедура.

Advertisements

Веднаш следуваше реакција на министерот Филков, кој го нарече Милошоски кусур на Груевски, потсетувајќи дека токму тој учествувал во донесувањето на скандалозните измени на Кривичниот законик во септември 2023 година, по што, како што вели Филков, се спаси од кривичната одговорност за случајот „Моќник“.

Сепак, премиерот Христијан Мицкоски смируваше. Според него, коалицијата е стабилна, а Милошоски и Филков едноставно имале лош ден, кој сега го надминале.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button