СВЕТ
Најмалку 15 торнада ги погодија САД, прогласена е вонредна состојба во Арканзас

Најмалку 15 торнада се пријавени во централниот и јужниот дел на САД, при што се повредени осум лица. Во Арканзас е прогласена вонредна состојба.
Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека има најмалку 15 извештаи за торнада во најмалку четири држави од средата навечер по локално време.
Осум лица се повредени низ Кентаки и Арканзас, вклучително и едно тешко повредено во округот Балард, Кентаки, соопштија локалните власти.