ВРЕДИ: Таравари со една нога внатре, со другата надвор

Алијансата за Албанците, крилото на Арбен Таравари синоќа во Тетово одржа редовен состанок на Претседателството каде во фокусот на разговорите беше коалицијата ВРЕДИ, во врска со учеството на локалните избори во октомври. Денеска, Таравари одби да одговори за епилогот од состанокот, најавувајќи детали за утре. Таравари синоќа изјави дека засега нема да ја напушти коалицијата, а ако не се постигне договор, втората опција е самиот да излезе на избори.
„Засега, не. Работните групи меѓу пратениците се уште се во преговори. Се надевам дека ќе најдат заеднички јазик. Ако не можат да најдат, ќе видиме како ќе правиме“, рече Таравари.
Запрашан за информациите кои кружат во медиумите и партиските колуари за можноста за соработка со ДУИ на локалните избори, Таравари не демантираше категорично, но вели дека треба да се види расположението на членството.
„Мислам дека Алијансата за Албанците, ако не излезе со ВРЕДИ, втората опција е да излезе на избори сама, но да погледнеме какво е расположението кај членството, кај членовите на претседателството, кај членовите на Собранието. Гласот на граѓанинот и гласот на членството ми се многу важни“, вели Таравари.
На 6 април беше најавено дека Собранието на АА ќе се одржи и најверојатно треба да донесе конечна одлука дали ќе одат на локалните избори сами или во коалицијата. Пред неколку дена интервјуто на Таравари за „360 степени“ предизвика многу реакции. Во него тој наведува дека од 100 километри се гледа дека коалицијата не ФУНКЦИОНИРА. Додека граѓаните имаат впечаток дека ВРЕДИ има слаба позиција во владата. Сепак, Таравари, во самокритички тон, постојано повторуваше дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски не се виновни за ова, туку самите ВРЕДИ. Тој не кажа дали другите конститутивни партии ја имаат оваа перцепција за ВРЕДИ, но рече дека според анкетите што ги поседува, 2/3 од Албанците се незадоволни. Но, и покрај разликите во ВРЕДИ, Таравари подоцна рече дека нема намера да ја напушти владата.
Суад Бајрами