ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Водата се повлече, остана само отпадот во Студеничани

Еден ден по поплавите долж Маркова река во општина Студеничани, ситуацијата е мирна. Водата веќе се повлекла, а на површина остана само отпадот реката. Општинските власти, во соработка со приватните компании од регионот на оваа општина, излегоа на терен за да го исчистат речното корито, додека продолжува и постапката за проценка на штетите. Жителите велат дека токму компаниите кои денес го вршат чистењето, се тие што го предизвикале проблемот со речното корито.

Advertisements

Мостот кој вчера беше блокиран, а подоцна пуштен во сообраќај, сè уште не го користат автобусите.

Градоначалникот најавува засилени контроли и построги мерки против жителите кои, со цел да ги прошират своите имоти, го стесниле речното корито. На прашањето во врска со поплаките на жителите за приватните компании, Садику изјави дека тие не се единствените виновници.

„Тоа е точно дека дел од овие сопственици од другата страна на селото Батица, тие, обидувајќи се да го зголемат нивото на своите земји, ни предизвикуваат проблеми, бидејќи ако тие продолжат да ја поместуваат реката кон оваа страна, а овие кон таа страна, нема да ни донесе ништо добро. Сепак, од сега ќе преземеме построги мерки и ќе внимавааме повеќе на овој аспект…Во рамките на нашите надлежности, сепак ќе повикаме и различни инспекторати на владино ниво“, рече Садику.

Садику им упатува апел на жителите да се освестат и да не фрлаат отпад близу реките, велејќи дека општината ќе направи сите напори за одржување, но дека е потребна и помош од жителите.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button