ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозициските пратеници незадоволни од истрагите за трагедијата во Кочани

На седницата за пратенички прашања во Собранието, главна тема беа истрагите за пожарот што избувна во дискотеката PULSE во Кочани. Од СДСМ бараат одговор од Тошковски зошто во истрагата не се вклучени актуелни функционери на Министерството за внатрешни работи, кои, како што велат, не презеле мерки за спречување на собири во кабарето, иако ноќта кога се случи трагедијата биле собрани околу 650 лица. Според пратеникот Миле Талевски, МВР ги штити луѓето блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговори дека за трагедијата се води истражна постапка против 34 лица, вклучувајќи членови на ВМРО, СДСМ и ДУИ. Тој ја потсети СДСМ дека во претходните трагедии, МВР не поднело ниту една кривична пријава.

Дека МВР не постапило правилно при поднесувањето на кривичните пријави, обвинуваат и од ДУИ. Пратеникот од оваа партија, Блерим Беџети, вели дека додека целиот синџир на институции потфрлил во своите обврски, Владата се фокусира само на функционери од претходната власт. И од СДСМ и од ДУИ, од морални причини, бараат оставка од министерот Тошковски.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button