ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче средбата со премиерот Мицкоски во Владата ја оцени како конструктивна

Лидерот на опозицијата Венко Филипче средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата ја оцени како конструктивна. Премиерот побарал од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок. Партиите договорија работни групи за спроведување на реформската агенда во правосудството, а ќе продолжат да работат и во енергетскиот и здравствениот сектор. Во меѓувреме ќе се разработи методологијата на работа.

Advertisements

Кабинет на Премиерот:
Неопходно е да се мобилизираат сите поединци и структури кои можат да придонесат за развојниот пат на државата. Државните интереси на Македонија треба да бидат почетна точка во разговорите за секое прашање, затоа Мицкоски побара од Филипче да се обиде да биде конструктивен фактор во заложбата за промени, реформи и напредок.

Лидерот на опозицијата Венко Филипче рече дека следниот логичен чекор според него е средба на лидерите на сите политички партии.

„Не закажавме идна средба. Сега ќе предложам неколку експерти од судството и енергетскиот сектор да бидат вклучени во изготвување закони кои се дел од реформската агенда и мора да се достават до Собранието. Ова е меѓупартиска средба, а потоа секако ќе бидат поканети сите партии да ни се придружат“, рече Филипче.

На средбата се разговарало и за уставните измени, но Филипче вели дека позициите на оваа тема остануваат различни и дека допрва треба да се работи во таа насока. Ова беше прва средба на двајцата лидери, по смената на власта и смената на лидерот на СДСМ.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button