ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

60-та жртва од пожарот во Кочани, почина управителот на „Пулс“ кој беше на лекување во Литванија

Почина Александар К., управителот на т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март 2025 година изби пожар и животот го загубија 59 лица. Тој е 60. жртва од трагедијата во Кочани.

Advertisements

Следниот ден, по кобната ноќ, во својот дом, почина и возач на итната медицинска помош кој вршел транспорт на повредени лица.

Инаку, управителот на „Пулс“ почина додека беше на лекување во Литванија.

Официјална потврда во јавноста се очекува да биде објавена на прес-конференција на Министерството за здравство закажана за денеска во 13:30 часот.

Во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, осомничени се 27 физички, три правни лица и седум полициски службеници од Штип и Кочани.

На сите осомничени им е одредена мерка 30-дневен притвор, освен на хоспитализираните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button