ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Невладините бараат да се стопира изградбата на хотелот кај Горица

Стопирање на понатамошната изградба на хотелот на семејството Михалкови, кој веќе втора година се гради на атрактивна локација на ридот во населбата Горица во Охрид, на самиот брег на Охридското Езеро, отстранување на градбата и враќање на природата во изворна состојба од пред 2011 година, со пошумување, бараат од невладините организации Фронт 21/42 и Охрид СОС. Велат дека хотелот се гради на диво. Ги повикуваат Владата, Министерството за животна средина и Општина Охрид итно да го направат тоа и и без одлагање да ги спроведат уставните и законските обврски.

Advertisements

ФРОНТ 21/42 и ОХРИД СОС:
„Хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп се гради со противзаконско одобрение за градба, издадено од Општина Охрид на 06.04.2012 година, врз основа на проект за кој не е спроведена оценка на влијанието врз животната средина и за кој не постои решение за согласност за спроведување на проектот од страна на МЖСПП. Законот за животна средина и Законот за градење недвосмислено дефинираат дека вака издаденото одобрение се смета за ништовно. Актуелниот градоначалник Пецаков има обврска по службена должност да го прогласи ова одобрение за градба за ништовно“.

Но, Пецаков вели дека по планот за менаџирање на Охрид, објектот ги исполнува сите услови, затоа што не бил во линијата на 50 метри од брегот на Охридско Езеро. Прашува зошто толку голема фама се крева за овој него.

„Може да исполнува катност П плус три и 40 % искористеност на градба, а овој објект е прв спрат, минус еден и минус два, не е ниту четири спрата туку е три спрата и е 22% искористеност на парцелата. И не мислам дека треба секое запролетување и секое затоплување на времето да разговараме за истата тема, која што некој претходно и сега да била завршена е веќе одговорено и завршена е приказната. Нема никаков документ потпишан овие години од Општина. За да важи одобрението за градба, двапати е променет законот, во 2017 и 2019 година, затоа што има рок“, вели Пецаков.

Од невладините посочуваат и други пропусти при спроведување на законот. Велат дека одобрението за градење од 2012 година немало печат за правосилност, а Општина Охрид имала издадено дозвола без одобрен елаборат за животна средина и оти незаконската градба се одвивала врз основа на незаконски урбанистички план, донесен во 2007 година.

ФРОНТ 21/42 и ОХРИД СОС:
„Општина Охрид имаше обврска истиот да го поништи и за таа област да изработи нов урбанистички план, усогласен со заштитните зони и мерките за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион (2020-2029). Ако овој план бил во согласност со законите, не би предвидувал хотелски комплекс, бидејќи планираната “група на хотели во Горица“ во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Планот за управување со Охридскиот Регион е посочен како “закана“ за светското наследство“.

Посочуваат дека во јули 2024 година,  УНЕСКО, од Северна Македонија бара „да го стопира градењето во близина на Студенчишко Блато и Горица Север и на комплексот Горица 3. Во меѓувреме хотелот, веќе ги добива контурите на својот изглед. За една година од голо земјиште, новиот хотелски објект станува реалност.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button