ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска променливо со сончеви периоди – утре дожд, снег и засилен северен ветер

Денеска променливо со сончеви периоди – утре дожд, снег и засилен северен ветер

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 сантиметри. Ќе дува засилен северен ветер со брзина и над 70 километри на час, поради што температурите ќе бидат во значителен пад.

Advertisements

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на одделни места ќе има услови за појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура се движи во интервал од нула од девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 20 степени.

Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

Од утре, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има нова промена на вре
На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 сантиметри. Ќе дува засилен северен ветер со брзина и над 70 километри на час, поради што температурите ќе бидат во значителен пад.

Засилениот северен ветер ќе продолжи да дува и во понеделник, а наместа повремено ќе провејува слаб снег. Во наредните денови од претстојната седмица се очекува стабилизирање на временската состојба, но и натаму ќе биде ветровито, а утринските температури насекаде ќе бидат под нулата.менската состојба со брз продор на студена воздушна маса од север, која ќе донесе претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button