ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трагедијата во Кочани, Чибишев: Поради отровните гасови кои ги вдишале повредените, им се оштетени виталните органи

Трагедијата во Кочани, Чибишев: Поради отровните гасови кои ги вдишале повредените, им се оштетени виталните органи

Пациентите повредени во трагедијата во Кочани можат да имаат сериозни
проблеми како оштетување на меморијата и невозможност за концентрација.
Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија, вели дека поради
отровните гасови кои ги вдишале повредените, им се оштетени виталните органи.
Пациентите кои веќе се отпуштени за домашно лекување, Чибишев вели дека се
жалат на вртоглавици и главоболки и дека им е потребно подолговечно време за
закрепнување, препорачувајќи почести контроли.

Advertisements

Во интервју за Радио слободна европа, Чибишев вели дека здравствениот систем
е запоставен, бидејќи за трагедии како оваа во Кочани, земјата треба помош од
странски држави.

Во трагедијата во Кочани, животот го изгубија 60 лица, додека повеќе од 150 други
беа повредени. Во моментов, 69 пациенти кои се повредени се лекуваат надвор
од земјата, додека во здравствените установи во Скопје се лекуваат 15 пациенти./Алсат.мк

Линда Ебиби

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button