ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ограничената маржа не ги поевтини производите

Ограничената маржа не ги поевтини производите

Минимално или никакво намалување на цените на производите – ова беше одговорот на најголем број граѓаните кои ги анкетираше Алсат на прашањеро дали почуствувале промени на цените на производите, откако на сила стапи владината мерка за ограничување на брутопрофитната маржа за над 1000 производи. Одлуката стапи на сила пред два месеци.

Advertisements

„Ние ништо, ни сме уштедиле, ни ништо. Цените се исти нема ништо смалено, може само се покачени повеќе.Пиперот исто,кромидот,компирот 40пак 40 е нема ништо смалено“, рече еден граѓанин.

„Па ништо не е намалено млекото е исто, другите работи све се исто, Нема шанса, со 20 илјади не може“, додаде друг.

„ Колку вие заштедивте од таа мерка ? – Ништо, ништо, нема заштеда. Е крај со крај со 400 евра плата моја, тешко“, нагласи друг граѓанин.

„Пензиите мали, сегде е скапо, тешка раота.Би требало да, би требало да се намалат цените, пазарот е скап, домати 150денари, краставици 150 денари,не се купува“, рече еден граѓанин.

Со мерката се опфатени млекото, лебот, брашното, јајцата, маслото за јадење, месото, шеќерот, млекото и млечните производи, зеленчукот и овошјето, како и дел од средствата за хигиена.

Од Државниот пазарен инспекторат, велат дека одлуката на Владата за ограничување на брутопрофитната маржа од страна на производителите, дистрибутерите и трговците се почитува и има намалување на цените. Од таму не можеа да ни кажат колку контроли направиле во изминатиот периодд и колку маркети биле казнети и најавија дека овие податоци ќе ни ги доставаа утре. Инаку, од пазарниот инспекторат велат дека и денеска инспекторите вршат интензивни контроли на ланците на маркети.

Одлуката за ограничување на маржата на најмалку 10 проценти, стапи на сила откако граѓаните два дена ги бојкотираа маркетите, поради високите цени а инспекторите утврдија маржи кај трговците и дистрибутерите дури и над 50 % .
Владината одлука за ограничување на маржата ќе трае до крајот на овој месец./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button