ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По три месеци вработените во Инспекторатот за јазици ќе добијат плата

По три месеци вработените во Инспекторатот за јазици ќе добијат плата

Вицепремиерот Изет Меџити најавува дека денеска ќе бидат пуштени платите за 17-те вработени во Инспекторатот за употреба на јазиците, кои поради измените во Законот за инспекциски надзор, како што најави Алсат, веќе три месеци се без плата.

Advertisements

„Што се однесува до платите, мислам дека денеска ќе ја земат првата плата, а етапно ќе ги земат другите две“, рече Изет Меџити, вицепремиер.

Измените на Законот за инспекциски надзор одобрени во декември го отстранија правниот статус на сите инспекторати и ги став во надлежност на министерствата. Ова му се случи и на Инспекторатот за употреба на јазиците, иако неговиот правен статус е гарантиран со посебни членови во Законот за употреба на јазиците и Законот за инспекторатот за употреба на јазиците. Меџити најави дека во текот на наредната недела ќе се предложи ново законско решение за регулирање на статусот на Инспекторатот тој да не биде во рамките на Министерството, туку во рамките на Агенцијата за примена на јазикот.

„Инспекторатот за јазици бидејќи се работи за идентитетот, кој има врска со јазиците, сметаме дека оценката на ВЛЕН е дека треба да биде во рамките на Агенцијата за јазици бидејќи тие се две комплементарни институции кои се надополнуваат и верувам дека во текот на оваа недела ќе излеземе со законско решение за ова“, додаде Изет Меџити, вицепремиер.

Од 1 јануари годинава, според важечките закони, Инспекторатот за употреба на јазиците е во апсурдна ситуација – има и нема правен статус. Министерството го зема буџетот на Инспекторатот, ги покрива тековните трошоци, но не исплаќаше плати бидејќи статусот на вработените не е усогласен, бидејќи тие треба да се префрлат во Министерството за правда. Но и тоа не може да се направи, бидејќи Министерството за финансии не дава одобрение токму затоа што законите не се усогласени./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button