Собранието ќе ја одржи новата 43. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 43. седница, на чиј дневен ред има вкупно 28 точки меѓу кои и Предлог на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во второ читање и Предлог за именувањето членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
Пратениците ќе расправат и по Предлогот за разрешувањето и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог за именување член на Регулаторна комисија за домување, Предлог на одлуката за разрешување на членовите на Агенцијата за пошти, Предлог на одлуката за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во второ читање, Предлог на програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година и Предлог на законот за изменување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка.