МАКЕДОНИЈА

Филипче од Брисел: Европските социјалдемократи да помогнат во процесот на проширување на ЕУ

Потребна е сеопфатна и амбициозна агенда од социјалдемократските партии која ќе го забрза процесот на проширување во Европската Унија, обезбедувајќи демократска стабилност и напредок во регионот.

Ова го порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д ‘Вили Брант’ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.

Advertisements

Според него, неопходно е Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и Социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширување на ЕУ, оценувајќи оти сегашниот застој во проширувањето не е само техничко или административно прашање, туку дека има многу пошироки и опасни последици по демократскиот развој на земјите кандидатки.

„Застојот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги зајакнува десничарските и екстремно десничарските политички сили во нивните земји, што оди на штета на демократскиот развој на овие земји. Сега е вистинско време социјалдемократите да го засилат процесот на проширување, во кој предолго беа заложници. Ако Европа и социјалдемократите не го пополнат постоечкиот вакуум, тогаш тоа ќе го сторат антидемократските и антиевропските сили“, порача Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button