Граѓаните револтирани откако владата се пофали дека ограничувањето на маржите дало резултат

„Се е лага“, „нема ништо намалено“, „граѓаните се оставени на питачки стап “, „тешко е да издржи работничката класа“- велат граѓаните пред објективот на телевизија Алсат, откако вчера надлежните се пофалија дека владината мерка за ограничување на маржите дава резултат и има намалување на трошоците за живот.
„Намаленост има затоа што немаат пари луѓето, наместо да купи две кила домати или краставици ќе купи пола кило. Не, нема намалување , 360 денари беше пиперот за постот за рамазан тоа во Германија го нема. Ништо нема, се е лага, ништо“…
„Има ама малку, малку, малку, сосем малку“…
„Нема, нема, ништо нема, нема држава нема ништо. Високи цените, плата мала, нема ништо, социјално нема ништо, за социјално не мисли никој“…
„Четири лути пиперки 50 денари комшија, четири лути пиперки 50 денари, еве, 300 денари гравчето, израчунај сега ти и викаат кај нас е стандардот помал од Германија, немој да ми кажуваш ти мене за Германија. Струја ми дојде овој месец мене 270 евра па не сум јас фабрика, кому да му кажеш, тешко за работничка класа“, реагираат револтираните граѓани.
Од Државниот пазарен инспекторат, вчера ни рекоа дека денес ќе добиеме одговор на прашањата, колку неправилности имаат откриено за непочитување на владината мерка за ограничување на маржите, меѓутоа до почетокот на овие вести, одговор нема.
Владината мерка за ограничување на брутопрофитната маржа се однесува на 102 групи производи, вклучувајќи над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. Покрај маркетите, мерката ги опфаќа и следните категории производи:
-Основни прехранбени производи: леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, млеко, јогурт и кисело млеко.
-Прехранбени производи со маржа од 10%: месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини.
-Прехранбени производи и средства за хигиена со маржа од 15%: свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.
Ангел Димовски