ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицајци во штипскиот затвор помагале на затвореници во снабдување со дрога

Затвореници во затворот во Штип со помош на затворски полицајци се снабдувале со наркотични средства, откри директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов. На 22 март затворскиот полицаец М.Т незаконски дозволил влез на возило до последната капија од затворот. Од ова возило излегло лице кое фрлило топка преку ѕидот, а од внатрешноста на затворот во потрага по топката се вклучиле двајца затвореници, но и уште четворица затворски полицајци.

Advertisements

„Истите тие затворски полицајци, со батериски лампи и они се вклучуваат во барање на нештото по тревникот од затворот. Наредниот ден не наоѓаат што не наоѓаат, дознава и директорот на затворот…. По наредба на директорот од сабајлето повторно се бара што барале од тревникот, се пронаоѓа топка во ќеса во којашто се пронајдени 35 грама прашкаста материја бидејќи е бела најверојатно кокаин и 50 грама марихуана“, рече Александар Пандов, директор на управата за извршување санкциии.

Затворските полицајци се правдале дека тие барале загубен часовник во сопственост на затвореникот Ж.Ж, кој им кажал дека куче му го украло часовникот и ги замолил за помош.

„Објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж си играл со кучката, имаат кучка Цеца таму, дека си играл со кучката Цеца, тој имал скап часовник, којшто морам да потенцирам дека го нема пријавено. Дека му го има земено кучката Цеца часовникот дека трчала низ тревникот и дека го загубила неговиот часовник и овие да му излезат во пресрет го бараат неговиот часовник“, додава Пандов.

За овој случај била формирана и дисциплинска комисија чие мнозинство не пронашло вина кај затворските полицајци, односно им верувале дека тие навистина барале загубен часовник, а не дрога. Сепак, Пандов вели дека овие затворски полицајци кои земаат плата од 57 до 67 илјади денари нема да се толерираат и дека ќе бидат санкционирани за ова дело.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button