Шаќири: разговорите во коалицијата ВРЕДИ не може да се водат со ултиматуми

Во меѓувреме, пратеникот на Алијансата за Албанците, од крилото на Таравари, Ријад Шаќири, вели дека разговорите во коалицијата ВРЕДИ не може да се водат со ултиматуми. Според него, меѓу челниците на ВРЕДИ нема судир или поделба, туку едноставно претставување на ставовите. Шаќири вели дека во моментов нема дискусија за локални избори. Шаќири рече дека нивното функционирање засега е во рамките на ВРЕДИ, а во иднина ќе постапуваат како што ќе одлучи раководството на партијата.
„Преговорите не се водат со ултиматуми од една недела или две недели. Дадовме нацрт верзија која е на маса за разгледување. Нема судир. Тоа е презентација на ставови од страна на лидерите и нема никаков судир. Овде има различни мислења, секој размислува за својот политички субјект, што е природно, но нема никаков судир. Да продолжиме со разговорите, да видиме“, вели Шаќири.
– Дали се координирате и со пратеници или со претставници на ДУИ?
„Имаме координација со сите пратеници кои се дел од Собранието, со пратеници Албанци за доброто на Албанците. Во меѓувреме, во моментов немаме разговори со ДУИ за локалните избори!“, рече Шаќири.