ЕКОНОМИЈА

Експерти: Царини од САД би биле силен удар за глобалната економија

Сериозен удар и криза на глобалната економија, може да предизвикаат царините на претседателот на Соединетите Американски Држави – Доналд Трамп, вели за алсат Миле Бошков. Тој додава дека постои опасност и после 90 дена да се воведат повторно високи царини.

Advertisements

„Така да оваа состојба во моментот ќе предизвика сериозна криза поради тоа што веќе не може да се верува ни на ретерираната одлука од вчера дека останаува царината на кина а за останатите и за следните 90 дена,повторно шпекулацијата и повторно опасноста не можат да дадат сигурна гаранција дека сепак следните 90 дена ќе бидеме комотни и дека после тие 90 дена повотно ќе има комоции и ќе остане се по старо во глобалниот бизнис“, вели Бошков.

Од Стопанската комора сметаат дека воведувањето на тарифите од САД кон Македонија ќе имаат последици врз економија во државава. Тие додаваат дека со воведувањето на царините Македонија, како земја ќе имаме дополнително ослабнување на странските пазари.

„Секако дека сметаме дека воведувањето на ваквите тарифи на ваквите мерки од страна на САД, ќе имаат последици и ефекти врз нашата економија, било тоа дали се директни или индиректни ефекти или последици, имајќи во предвид дека поголемиот дел  на извозот од Македонија кон САД доаѓа од странските компании во нашата земја и сметм дека во овој дел треба да бидеме претпазливи како општество но, и како држава и влада“, вели Дурим Зеќири – извршен директор на Стопанска комора на северозападна Македонија.

Од Комората сметаат дека доколку е потребно, Владата треба да ги намали царините кон САД , со цел истото да го сторат и САД кон Македонија.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button