ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО поведе постапка против 43 лица за измами со брзи кредити

Кривична пријава заработија 43 лица, кои незаконски набавиле имотна корист од над три милиони денари. Тие со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.

Advertisements

Како во филм, еден дел лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи.

Во тоа им помагало и службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, ставајќи им средства на располагање, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедувал преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот.

„Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривични пријави против 43 лица кои со За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно“, велат од ОЈО.

Осомничените користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински.

„Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства“, додаваат од ОЈО.

Тие ваквите податици ги користеле за да подигнат и по неколку различни кредити во различни друштва во само еден ден, со што набавиле милионска имотна корист.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button