СПОРТФУДБАЛ

Арецо од Тоскана, подготвува амбициозен инфраструктурен проект

Италијанската влада донесе одлука со која се забрзува административниот процес за изградба на нови стадиони. Според прописот, локалните власти во рок од 60 дена треба да одговорат на предлогот за изградба на фудбалски објект. Првиот корисник на новиот закон доаѓа од третолигашот – Арецо од Тоскана. Клубот кој е на петтото место во групата Б од италијанската Серија Ц подготвува амбициозен инфраструктурен проект.

Advertisements

Третолигашки клуб може да финансира ваков проект бидејќи има јасна визија. Покрај стадионот, за дополнителен приход се планира и изградба на комерцијален простор од 13.000 метри квадратни. Проектот е проценет на 28 милиони евра, а ќе го финансираат сопствениците на клубот со помош на банки и спортски кредити. Работите треба да завршат до 2030 година.

Стадионот ќе се реконструира, а капацитетот ќе остане речиси непроменет – 12.506 места наместо досегашните 13.128. Клубот не планира да гради поголем паркинг бидејќи повеќето навивачи доаѓаат од градот и на натпреварите доаѓаат пеш.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button