ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муртезани: Максимално сме посветени Влен да опстои

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој е и кадар на Алтернатива изјави дека во рамки на коалицијата Влен се максимално посветени таа да опстои.

Advertisements

-Од тоа што веќе изјавиле лидерите, ние сме посветени максимално да ги задржиме сите партнери внатре во Влен. Ние сме апсолутно отворени, процесот на соработката не го гледаме како статистичка операција или процент кој колку зема, но како надеж која треба да се артикулира за да продолжи промената и понатаму. Затоа нашите очекувања се големи како и подготвеноста за да продолжиме и понатаму заедно, вели Муртезани на новинарско прашање што очекува од лидерската средба на Вреди вечерва, на заедничката прес конференција со неговиот унгарски колега Јанош Бока.

Претседателите на четирите партии, кои се во состав на коалицијата Влен вечерва ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за натамошното дејствување на коалицијата, изјави претходно денеска во Гостивар, лидерот на дел од Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button