Се прошири истрагата за трагедијата во Кочани
Се прошири истрагата за трагедијата во Кочани

Се проширува истрагата за трагедијата во Кочани . На листата на осомничени се вклучија и актуелен министер, поранешен министер, функционери и поранешни функционери. Според шемата што Алсат неодамна ја објави, на листата оосмничени се поранешни министри за економија, позиција што ја држеше главно ДУИ опфаќајќи период од 2012 година кога за прв пат дискотеката Пулс доби лиценца до 2024 година кога со фалсификуван документ ја обнови лиценцата за работа. Уапсени се актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, поранешните министри за економија Валон Сарачини, Беким Незири и Дритон Кучи. Кучи кој во моментов е амбасадор во Норвешка, на социјалните мрежи потврди дека полицијата вршела контроли во неговиот дом и најави дека ќе се врати во земјата за постапките.
„Верувам во правда за општо добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје, не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат “, напиша Кучи на социјалните мрежи” – Кучи.
Приведени се и актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами, поранешниот директор на Пазарниот инспекторат и градежните инспектори кои работеле во општина Кочани. Повеќе детали нема за акцијата, освен што од Обвинителството ја потврдија.
„По наредба на јавен обвинител во тек е акцијата за приведување на повеќе лица, со цел проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните органи ќе ја информираат јавноста на координиран начин веднаш штом ќе завршат тековните активности “, велат од Обвинителството” – Обвинителство.
Претходно, Обвинителството започна истражна постапка за 34 физички и 3 правни лица, меѓу кои беа поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор за заштита и спасување, поранешни градоначалници на општина Кочани и поранешни раководители на Пазарниот инспекторат. Сите осомничени се обвинети за периодот од 2012 година до ужасното утро на 16 март, дека во рамките на нивните надлежности и одговорности не постапиле според одредбите за заштита и со тоа предизвикале опасност по животите на луѓето, животната средина, и имотот со големи размери.