ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клуч на врата на спортската сала во Струга

Клуч на врата на спортската сала во Струга

Спортската сала која се наоѓа во склоп на средното училиште, Нико Нестор, станува небезбедна за користење, иако илјадници деца со години овде тренираат во катастрофално лоши услови. Кровот на салата прокиснува, па во време на поголеми дождови, ги откажуваат тренизните и натпреварите, бидејки е ризично да се запалат и рефлекторите.

Advertisements

„При појаки дождови, се тресиме, дали ќе мораме да бараме друго решение. Соблекувалните се катастрофа, подлогата е катастрофа и незнам кое чаре да го фатиме. Работиме во една сала, која сами ја одржуваме. Кога ќе се јави некоја дупка ја лепиме, покриваме“ – Јован Трпеноски-претседател на женски ракометен клуб Стружанка.

„Јас сум овде 20 години.Полошо не било од сега. Најголем проблем ни е подлога која ни е стара близу 40 години, која е испукана и разделена на многу места. Имаме проблем голем и со покривот. Кога се силни дождови капи на 20-30 места во теренот и истиот тој дожд ни прави проблеми и низ ходници и соблекувални. Гледаме во временска прогноза кога има големи дождови пробуваме да реагираме на време“ – Владо Ѓоровиќ-тренер на женски кошаркарски клуб Струга .

Дополнителен проблем е што никој не знае кој во моментот стопанисува со неа иако порано тоа бил Спортски сојуз.

Тренерите на клубовите заедно со децата и родителите ќе поднесат петиција до Општина Струга, Министерствата за образование и спорт, со цел итно решение на овој сериозен проблем. Локалниот совет за превенција, веќе донесе и одлука за контрола на сите спортски сали на територијата на општината, како и на забавните паркови во градот, по трагедија во дискотеката во Кочани.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button