
Низ натпреварите од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 16 часот продолжува битката за шампионската титула, но и за опстанокот во елитното друштво.
Силекс и Шкендија ја продолжуваат директната битка за титула, со денешни противници против кое се очекуваат три бода кај фаворитите. Шкендија ја носи фаворитската улога на домашен терен со Воска Спорт, во мечот кој ќе се игра без публика поради казната за тетовци, а Силекс, пак, во Кратово е голем фаворит против Беса.
Вардар, пак, посакува продолжување на успешната серија и нова победа против Тиквеш со која во голема мера веќе сигурно ќе зачекори кон опстанокот. Бодовите се повеќе од неопходни и за Тиквеш кој нема победа две кола и веќе сериозно е загрозен опстанокот во лигата.
А, бодови се повеќе од неопходни и за АП Брера која гостува на Пелистер во Битола. Но, се чини дека струмичани во пролетниот дел од сезоната немаат сили за надигрување. Пелистер е фаворит, па со триумф веќе сериозно ќе избега од оние екипи кои се во опасната зона.
ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (16 ч.)
Пелистер – Ап Брера
Гостивар – Шкупи
Работнички – Струга Тл
Шкендија – Воска Спорт
Силекс – Беса
Вардар – Тиквеш