СПОРТФУДБАЛ

Oдличен резултат за Дарио Ивановски на маратонската трка во Белгија

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски одбележа важен момент откако настапи на тринаесеттиот маратон во неговата богата кариера.

Advertisements

Ивановски го освои 13. место на последниот настап во Белгија, а со тоа уште повеќе го збогати своето резиме и сега зад себе има пет учества на скопскиот маратон и по еднаш на маратоните во Париз, Севиља, Валенсија, Копенхаген, Минхен, Ротердам и Тирана.

На трката во Белгија, Ивановски истрча време од два часа, 14 минути и две секунди, а победник беше Илијас Ауани од Италија. Нашиот атлетичар ја претставуваше Македонија и на Олимписките игри во Париз минатата година, а воедно е и апсолутен рекордер помеѓу сите атлетичари во историјата на нашата земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button