ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

30 дневен притвор за дел од уапсените за трагедијата во Кочани

30 дневен притвор за дел од уапсените за трагедијата во Кочани

Уште 19 други осомничени во врска со трагедијата од 16 март во Кочани, во која загинаа вкупно 61 лице. На списокот на осомничени се најдоа и тројца поранешни министри за економија, двајца поранешни државни секретари во Министерството за економија, тројца службеници од истото министерство, двајца поранешни и еден актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден генерален инспектор во таа дирекција, тројца градежни инспектори од општина Кочани и четворица инспектори од Државниот пазарен инспекторат. 4 од осомничените се во притвор, 6 се во куќен притвор, а 8 се со мерки на претпазливост. За поранешниот министер за економија Дритон Кучи сè уште не е побарана мерка, бидејќи се очекува негово враќање од Норвешка.

Advertisements

Според функциите што ги соопшти обвинителството, под истрага завршија тројца директори од Дирекцијата за заштита и спасување. Освен Беким Максути, кој се наоѓа во притвор по првите апсења, сега под истрага се и Шабан Сали, кој воедно е и актуелен министер без ресор, Аднан Џаферовски и Џеват Селами. Осомничени се и тројцата поранешни министри за економија, Валон Сарачини, Беким Незири и Дритон Кучи.

За актуелниот министер за економија, Бесар Дурмиши, Коцевски изјави дека тој не е опфатен со истрагата, бидејќи во неговиот мандат, кабарето не побарало продолжување на лиценцата. Во посебна постапка на Обвинителството за организиран криминал, се водат истраги и против седум полициски службеници за утврдување на одговорност. Како што информираше Коцевски, не се исклучува можноста за проширување на листата на осомничени, а истрагата треба да се затвори во рок од два месеци./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button