ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Незапаматени ниски температури во април

Незапаматени ниски температури во април

Иако веќе беа подготвени за пролетна работа, жителите повторно ги запалија шпоретите, притоа жалејќи се дека продолжената зима ги оставила без дрва за греење.

Advertisements

„Наполнив 68 години и колку што се сеќавам, за моите години, не паметам во април да сме имале ваков снег во Новосело. Порано имало и повеќе снег, но вакви ниски температури три дена по ред – не. Ноќта беше до минус 13 степени. Поголемиот дел од граѓаните имаат проблем со огревното дрво“, рече еден жител.

„Повеќе дрва потрошивме овие денови отколку во зима. Беше многу студено“, додаде друг жител.

Овие жители остануваат и без храна за добитокот. Биле принудени коњите да ги пуштат на пасење по селските ливади, но, за жал, снегот ги покрил пасиштата.

„Слабо стоиме со храната за добитокот. Зимата се продолжи, а ние бевме подготвени само до сега, а отсега натаму – немаме ништо, и самите гледате, ги пуштивме коњите да пасат по ливадите, ама од големиот снег – нема што да јадат“, рече еден жител./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button