ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најголем број мигранти кои транзитираат низ земјава се од Сирија

Најголем број мигранти кои транзитираат низ земјава се од Сирија

Најголем број мигранти кои транзитирале низ Северна Македонија во последните месеци се државјани на Сирија, а потоа следат оние од земји како Индија, Пакистан и Бангладеш. Тие честопати се жртви и на лица кои сакаат да ги огрбата. Како резултат на засилени полициски контроли, пред неколку дена во објект во скопско, полициски службеници пронашле шест имигранти, кои под закана биле држени во објектот.

Advertisements

„Во објект во с. Студеничан, скопски регион, сопственост на М.Ш.(50) од истото село, полициски службеници затекнале шест имигранти, кои со сила и закани биле држени во објектот. Во врска со настанот и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, сопственикот К.Ш.(25) (25) У.Ш.(5) и А.Ш (59) од с. Студеничан, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје, се лишени од слобода“, велат од МВР.

Според претседателот на организацијата „Легис“, Јасмин Реџепи, мигрантите кои во последно време транзитираат низ нашата држава најчесто се од Сирија, лица кои пред падот на режимот во Сирија го започнале патувањето за да се приклучат на своите семејства во европските земји.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека засилените полициски контроли продолжуваат и понатаму во рамки на борбата против криумчарењето мигранти./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button