„One Stop Shop“ нема долги колони на граница
„One Stop Shop“ нема долги колони на граница

Системот „ONE STOP“ со Република Косово функционира согласно очекувањата, откако вчера беше промовиран.. Вообичаените колони над 2 километри изгледа дека ќе останат само спомен од минатото, велат патниците кои влегуваат и излегуваат од земјава .
Од анкетата што ја направивме на овој премин, граѓаните велат дека не чекале повеќе од пет минути и се надеваат дека овој систем ќе функционира многу добро и во иднина, бидејќи го олеснува движењето на граѓаните на двете земји.
„Редовно поминуваме, но сега изгледа дека поминавме побрзо.
Дали беше потребно? Мислам дека да, долго време беше потребно.
Сега влегувате во Македонија? Да, многу полесно, и на влез и на излез, многу поинаку”, рече еден граѓанин.
„Да, нормално е, многу е добро .Сега одите во Македонија? Да, дојдовме и се вративме без проблем и верувам дека е најдобро да бидат двете заедно.
Кога отидовте во Косово, колку чекате? Ниедна минута, веднаш завршивме работа“„, додаде друг граѓанин.
„Дали многу чекавте на граница? Малку, не беше многу. Дали е подобро што се направи оваа промена? Да, многу добро.
Сакате да доаѓате почесто во Скопје? Да, многу. Во зоолошка градина“, рече едно дете.
„Изгледа дека е подобро, да видиме како ќе биде. Сега каде одите? Во Скопје. Имаше многу возила? Помалку од претходно“, рече еден граѓанин.
Системот со Република Косово беше пуштен вчера. ВЛЕН го оцени како важен овој систем како за граѓаните, така и за бизнисите. Според ВЛЕН, „Системот за движење на граничната точка, Блаце-Елез Хан е потреба за граѓаните на двете земји, но сега веќе е реалност. Овој систем значи олеснување за движење на луѓето, стоката и бизнисот на двете земји. Ова е исклучителен успех во приближувањето на двете соседни и пријателски држави, Македонија и Косово./Алсат.мк
Мелихате Рустеми