ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пронајдени осум рачни бомби во Боговиње, полицијата работи на расчистување на случајот

Сандак со осум рачни бомби од типот „Кашикара“ се пронајдени во Боговиње. Нашиот новинар, Башким Сулејмани, од терен јавува дека бомбите ги пронашол жител на селото додека работел на терен.
Првично се мислеше дека бомбите датираат од Втората светска војна, но според полицијата тие се нови и од кинеско производство. Во моментов кашикарите се пренесени во полициска станица.
На местото на настанот се води истрага од Обвинителството и други надлежни органи за расветлување на случајот.