
Хрватската музичка ѕвезда, Јелена Розга, по прв пат јавно призна дека е во врска со синот на познатиот композитор пејач и текстописец, Тончи Хуљиќ, 37 годишниот Иван.
На доделувањето на наградите на Вечерњи лист – „Ружа“, 47 годишната Розга се појави со своето момче.
-Ништо не криеме“, рекла пејачката со насмевка на лицето, пренесува Нет.хр.
На нејзиното лице јасно се гледа дека е среќна и заљубена,.
Атрактивната пејачка воедно откри дека тајната на својот совршен изглед ја наоѓа во здравата исхрана. “Јас сум внимателна, јас сум апсолутно внимателна. Здравата исхрана секако игра голема улога”, истакнала пејачката со совршена става.