ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во селото Боговиње се пронајдени 8 рачни бомби од типот „кашикара“

Во селото Боговиње се пронајдени 8 рачни бомби од типот „кашикара“

Од синоќа ова место, наречено Бриставец, тука во селото Боговиње во општина Боговиње, е изолирано и обезбедено од страна на СВР Тетово, полициската станица во Боговиње. Причина за ова е пронаоѓањето на осум бомби, за кои првично се тврдеше дека потекнуваат од Втората светска војна. Меѓутоа, по нивниот преглед од страна на експерт за експлозивни средства, беше утврдено дека станува збор за рачни бомби од типот „кашикара“ од кинеско производство, и дека не се поврзани со Втората светска војна. Истите се демонтирани и се отстрануваат од страна на СВР Тетово, а се очекува и истрага за да се утврди за каков експлозив станува збор и кој ги поставил таму.

Advertisements

„Вчера околу 17 часот од ЦУК бевме известени дека во Бриставец, село Боговиње, се пронајдени експлозивни средства, по што во соработка со полицијата го обезбедивме местото. Денес нашиот колега пристигна и изврши демонтажа на бомбите. Станува збор за осум рачни бомби од типот „кашикара“ од кинеско производство, односно нов модел. Значи станува збор за нови бомби. Тие средства сега ќе ги преземе Дирекцијата за заштита и спасување и ќе бидат сместени во нивните магацини или ќе бидат уништени со контролирана експлозија“, рече Мухамет Авзија, раководител на ДЗС Регионална единица Тетово.

Додека истрагата сè уште трае, сè уште не е познато кому му припаѓале бомбите што беа пронајдени во селото Боговиње./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button