СВЕТ
Виткоф: Средбата со Путин беше конструктивна

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека имал „конструктивна“ средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која разговарале за можните чекори кон ставање крај на војната во Украина и за потенцијалните деловни можности меѓу двете земји.
Во интервју за „Фокс њуз“, Виткоф рече дека средбата во Санкт Петербург траела речиси пет часа и дека Путин на крајот на средбата изразил подготвеност да постигне „траен мир“, пренесе Блумберг.
Според него, клучот на договорот се однесува на „пет територии“, но тој не прецизираше за кои области станува збор.
Извор: kyivindependent