МАКЕДОНИЈА
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло

До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.